Естонскиот јазик (Естонски: eesti keel) се говори од околу 1,1 милион луѓе, од кои најмногу живеат во североисточно Европската држава Естонија. Естонскиот јазик припаѓа на финскиот огранок од Угро-Финските јазици. Тој не е поврзан со неговиот јужен соседен јазик латвијски јазик, кој е Балтички јазик сроден со литванскиот. Естонскиот е сроден со финскиот јазик и не толку со унгарскиот. Една од одделните карактеристики на естонскиот е таа што тој го има она што традиционално се гледа како три степени на фонемска должина: кратка, долга и предолга. Практично, разликата меѓу долгата и предолгата фонемска должина е како акцентот на слогот (со висина на тонот), така и траењето. Долгите и предолгите самогласки не се разграничени во пишаниот естонски јазик, но согласките се јавуваат во пишувањето со три "степени": b,d,g; p,t,k и pp;tt;kk (сите незвучни согласки). Гласовен систем Самогласки Предни Задни Незаоблени Заоблени Незаоблени Заоблени Затворени i y u Средни1 e ø ɤ o Отворени æ ɑ Согласки Билабијални Лабиодентални Алвеоларни Посталвеоларни Непчани Меконепчани Глотални Стоп p pʲ t tʲ k kʲ Носни m n nʲ (ŋ)1 Фрикативни (f) v s sʲ (ʃ) h Апроксимантни l lʲ j Вевни r |
About us|Jobs|Help|Disclaimer|Advertising services|Contact us|Sign in|Website map|Search|
GMT+8, 2015-9-11 20:12 , Processed in 0.159727 second(s), 16 queries .