搜索
热搜: music
门户 Culture Language view content

Арапски јазик

2015-6-22 00:06| view publisher: amanda| views: 4357| wiki(57883.com) 0 : 0

description: Арапскиот (العربية al-ʻarabīyah или عربي/عربى ʻarabī ) ( (помош·инфо) или ( (помош·инфо)) е семитски јазик. Поимот „арап ...
Арапскиот (العربية al-ʻarabīyah или عربي/عربى ʻarabī ) ([alʕaraˈbijja] (помош·инфо) или ([ˈʕarabiː] (помош·инфо)) е семитски јазик. Поимот „арапски јазик“ се користи за сите потомци (дијалекти/ јазици) на класичниот арапски јазик од 6 век. Овој поим ги опфаќа како говорните, така и пишаните дијалекти на јазикот. Јазикот се зборува на огромна површина, поточно од Средниот Исток па сè до крајните точни на Северна Африка. Како дел од семитските јазици, арапскиот јазик најсроден е со хебрејскиот, арамејскиот, феникискиот и угаритскиот јазик.

Литературната форма на арапскиот јазик се нарекува стандарден арапски јазик, или литературен јазик. Таа форма е единствена официјална форма на јазикот, која се користи за пишана комуникација, во образованието, власта, медиумите и слично. Јазикот е официјален во 27 држави во светот, но и во важни меѓународни организации, како што се: Африканската Унија, ООН или Арапската лига.

Арапскиот јазик и Исламот

Доста често арапскиот јазик се поврзува со Исламот. Класичниот арапски јазик е јазикот на кој е напишан Куранот. Сепак, важно е да се напомене дека јазикот не го зборуваат само муслимани, туку и арапски христијани, евреи и ирачки мандаејанци. Иако повеќето од муслиманите во светот не зборуваат арапски, односно не им е мајчин јазик, сепак добар дел од нив можат да го читаат Куранот.

About us|Jobs|Help|Disclaimer|Advertising services|Contact us|Sign in|Website map|Search|

GMT+8, 2015-9-11 20:14 , Processed in 0.151852 second(s), 16 queries .

57883.com service for you! X3.1

返回顶部